MKDNews.com

Париски обвинител смета дека пожарот во катедралата „Нотр Дам“ не е подметнат

Париски обвинител смета дека пожарот во катедралата „Нотр Дам“ не е подметнат
април 16
21:01 2019

Парискиот обвинител Реми Хеиц, зборувајќи за вчерашниот пожар во катедралата „Нотр Дам“, изјави дека се истражува можноста дека станува збор за несреќа.

Хеиц изјави дека ќе даде сѐ од себе да се утврди причината за пожарот и додаде дека веруваат оти тој не е предизвикан намерно.

Тој појасни дека зеле и искази од вработените на компанијата, кои работеле на реновирањето на катедралата, која има историја долга 856 години.

Пожарот во средновековниот симбол на Париз и Франција изби вчера во 18:50 часот по локално време.

Огнените јазици во потполност го уништија покривот и кулата, висока 83 метри. Повеќе од 50 пожарникари учествуваа во гаснењето на пожарот и со големи напори успеаја да ја спасат северната кула со ѕвоното и главната зграда на катедралата.

Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече огнот во „Нотр Дам“ голема трагедија. Тој рече дека катедралата била гордост на Франција и вети дека ќе биде обновена.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести