MKDNews.com

На Заев му се смачило од новите „бомби“

На Заев му се смачило од новите „бомби“
април 19
20:55 2019

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека дел од објавените разговори во изминативе денови што ги слушнал се дел од пакетот материјали што ги предал во СЈО и оти е важно што МВР и Обвинителството постапуваат по нив согласно своите надлежности.

– Од министерот за внатрешни работи сум информиран дека тие ги превземаат сите дејствија и мерки согласно законот. Тие постапуваат, очекувам одлуки од Јавното обвинителство. Знам дека пред недела, две, исто така, имаше емитување на бомби што задираат и во приватноста и е поднесена соодветна кривична пријава од страна на Јавното обвинителство.

Ако се повторуваат ваквите работи законот е јасен околу ова како постапуваат институциите. За мене е значајно институциите да постапуваат.

Дали се тоа дел од разговорите, тоа што го имав слушнато, а ги немам слушнато сите разговори, малку ми стана и мачно после долго време, е од делот на пакетот што го предадов во СЈО, што секако само потврдува дека ние сме добиле само дел од тоа што на времето се правело како неовластено прислушкување, и го имало на други страни. Но, добро е што има закони и се надевам дека институциите на системот ќе постапуваат строго по законите – рече Заев.

Четири нови „бомби“ објавени на руската социјална мрежа (аудио)

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести