MKDNews.com

Мицкоски: Заев ветуваше се за пуста фотелја

Мицкоски: Заев ветуваше се за пуста фотелја
април 17
21:33 2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва пред жителите во Берово истакна дека се што порано кога СДСМ била опозиција ветувала за да дојде до пуста фотелја и власт денеска не исполнила.

– Изминавме многу градови и села, стегнавме илјадници раце со илјадници и илајдници раце се поздравивме, очи во очи се погледнавме. Иден претседател на Република Македонија ќе биде жена и тоа е веќе јасно. Нас ни е потребно големо обедунување на 21 април и пети мај, затоа ни е потребно Беровци оваа рекордна победа за да можеме овие полотички измаминици да ги пратиме во политичка историја, на темната страна на историјата. Ќе дојде денот когаповторно ќе се најдеме на улиците и ќе разговараме за вистината на Македонија. А вистината е дека Зоран Заев ќе биде минато на овие избори, кои повторно нема да се случи и нема да се повтори. Граќаните без разлика на етничката припадност, сите споделуваат иста мака, од лагите на Зоран Заев и СДСМ. Ветуваа живот дека ќе донесат, а донесоа пекол. Да го поразиме деспотот заедно со неговиот деспотски кандидат, рече Мицкоски.

Истакна дека Заев и власта се срамат од македонската химна, па затоа со низа изговори, таа не беше интонирана за време на посетата на Ципрас во земјата.

Зоран Заев велеше дека овие две години го зајакнал идентитетот, а истиот тој Зоран Заев пред зградата која треба да го симболизираше иднетитетот се срамеше да ја слушне „Денес над Македонија се раѓа“, потенцира Мицкоски.

Во Европа не се оди по принципот евро за вице, евро за црквата, во ЕУ не се оди со издиктрирани обвиненија, или во ЕУ не се оди со затварање на ски стази за забава со другарчињата. Во Европа се оди со вистински решенија, истакна тој.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести