MKDNews.com

Мицкоски повика на масовност на претседателските избори: Заев подготвува сценарио!

Мицкоски повика на масовност на претседателските избори: Заев подготвува сценарио!
април 19
21:09 2019

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на претседателските избори во недела бидејќи, како што рече тој, власта подготвува сценарио да не се постигне цензус за да се избере претседател во Собрание преку уставни измени.

Тој го обвини премиерот, Зоран Заев, дека има намера, како што рече, да ја поништи волјата на народот.

-Во изминатиов период се погласно и се поотворено се зборува од страна не власта наместо граѓаните претседателот да се бира во Собранието. На овој начин изборот на претседателот ќе се сведе на трговија со услуги наместо да биде изразена волјата на народот. Добро се знае кој го има мнозинството во Собрание како што се знае начинот на кој дојдоа до тоа мнозинство. Тоа е огромен чекор наназад во уште потемни времиња. Ова сценарио го прават затоа што знаат дека на фер и демократски избори ќе загубат, знаат народот доаѓа по свое, затоа се нервозни и се ставаат над закон и над устав – рече Мицкоски на прес конференција попладнево.

„Излезете и гласајте за промени“, ги повика тој граѓаните.

-Повикувам да се излезе што помасовно во недела, во што поголем број да се покаже дека правдата ќе победи и ќе го казни заевизмот за она што го ветија, а не го направија. Сега е моментот кога треба да се биде гласен. Власта да не се дрзнува да ја попречува волјата на народот и да не пристапува кон методите за фалсификат како што правеше на референдумот – рече Мицкоски.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести