MKDNews.com

Манчевски од Струга: Гласот за Пендаровски е глас за сигурна иднина во НАТО и ЕУ, инвестиции, раст и развој

Манчевски од Струга: Гласот за Пендаровски е глас за сигурна иднина во НАТО и ЕУ, инвестиции, раст и развој
април 16
21:27 2019

Пред граѓаните на Струга Манчевски рече дека престојните претседателски избори се шанса земјата да продолжи по патот по кој зачекори, патот кон ЕУ и НАТО, патот на напредокот.

-Гласот за Стево Пендаровски е глас за сигурна и стабилна иднина, глас за нови шанси за младите, за подобро утре за сите, за ЕУ и НАТО. Тргнавме напред и враќање назад нема. Гласот за Стево Пендаровски е глас да продолжи напредокот, глас за развој, инвестиции, повеќе пари кај граѓаните, рече Манчевски

Манчевски пред присутните граѓани истакна дека не треба да се дозволи некој  друг да ни ја влече  иднината  назад, затоа што нашата иднина е напред .

-Глас за Гордана е за враќање назад, кочење, блокирање. Да не дозволиме да се вратиме назад, да не ја загрозиме иднината, рече Манчевски.

21 Април и 5 Мај се датумите кога треба да го дадеме својот глас за победникот, за победа на државата

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести