MKDNews.com

Лепа Брена ограбена на аеродром во Германија!!

Лепа Брена ограбена на аеродром во Германија!!
април 20
21:25 2019

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена остана без куферот во кој ги носела парите добиени за закажаниот концерт во Германија.

Брена по враќањето од патот во  Германија доживеала непријатно изненадување на белградскиот  аеродром.

Мегапопуларната пејачка  дури кога стигнала на аеродромот во Белград сфатила дека останала без куферот во кој го носела целиот хонорар добиен за концертот кој требало да го одржи.

Брена посетила пријатели во Германија, а воедно и имала средба со луѓето кои и организираат концерт. На средбата тие и го дале целиот хонорар за настапот, бидејќи Брена редовно се наплатува однапред. Бидејќи  во себе веќе имала неколку илјади евра, добиените пари ги ставила во куфер. Но, кога се вратила во Белград, куферот го немало на аеродромската лента. Брена веднаш направила драма, а на шалтерот и рекле дека нејзиниот багаж е изгубен и дека ќе ја повикаат кога ќе го најдат, за да го преземе. Поради тоа што во куферот имало повеќе илјади евра Брена морала да фати врски за куферот да и биде  што побрзи и биде пронајден. Веќе утредента куферот бил во Белград, а иако дома имала полна куќа гости Брена веднаш заминала на аеродром  за да си го земе загубениот багаж, изјавил за медиумите извор близок на пејачката.

Се уште не е познато дали парите биле  во куферот, но Брена со насмевка на лицетот го напуштила аеродромот.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести