Со помош на опрема со далечинско управување , екслертите имаат намера да ги извлечат нуклеарните шипки , односно стаповите од реакторот број три. Се очекува оваа операција на контаминираното подрачје да потрае две години. Следната фаза би била чистење на растеченото нуклеарно гориво , кое остана длабоко во реакторот.

Портпаролката на компанијата Тепко изјави дека оптстранувањето на горивото беше одложувана поради отпадоците од уривањата , што останале во зградата по земјотресот , како и поради други технички проблеми.

За време на земјотресот во 2011 беа оштетени зградите со реакторите на електраната Фукушима , а три реактори се стопија при експлозијата , што настана по катастрофата што го зафати целиот регион. За време на оваа операција ќе треба да бидат преместени 500 радиоактивни цилиндри од потопениот дел и со камион да се пренесат во базен за складирање.

Проблем би можел да настане доколку некој од цилиндрите се стопи или дојде во контакт со воздухот , во кој случај би се ослободил радиоактивен гас.