MKDNews.com

Голем антивладин протест во Белград

Голем антивладин протест во Белград
април 13
18:44 2019

Во Белград од 15 часот почна големиот антивладин приотест. Илјадници граѓани побараа оставка од српскиот претседател Вучиќ  и услови за слободни избори.

Поради протестот пред парламентот сообраќајот е во прекин, пренесуваат српските медиуми.
Учесниците на протестот носат српски знамиња и транспаренти на кои го пишува и името на градот од кој се дојдени. На транспарентите се испишани имињата на Сремска Митровица, Темерин, Топола, Шид, Стара Пазова, Крагујевац, Нови Сад, Врбац, Петровац на Млави, Србобран, Лазаревац, Пожега, Кикинда, Ваљево, Јагодина и други.

Околу зградата на Собранието има и полиција со кациги и штитови.

Меѓу барањата на опозицијата се и ослободување на медиумите, фер и чесни избори, оставка на државниот врв и откривање на извршителите и наредбодавателите на убиството на оретседателот на Иницијативата СДП, Оливер Ивановиќ.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести