MKDNews.com

„Фејсбук“ го укинува „Месинџер“

„Фејсбук“ го укинува „Месинџер“
април 13
19:46 2019

По пет години од осамостојувањето на апликацијата „Месинџер“,  таа се враќа во рамките на апликацијата „Фејсбук“. До „Месинџер“ ќе се пристапува преку познатото копче, но нема да се отвора посебна апликација, туку корисниците ќе се допишуваат во самата апликација „Фејсбук“ на „Андроид“ и iOS системите.

Промената веќе се тестира на профилите на некои корисници низ светот, кои се и извор на овие вести. Не е познато кога оваа промена, односно вградувањето на „Месинџер“ во „Фејсбук“ ќе важи за сите корисници, но тоа е нешто што е извесно.

Се претпоставува дека корисниците што ќе сакаат да го користат автономниот „Месинџер“ ќе можат да го прават тоа, но не се знае до кога, односно дали самостојната апликација некогаш ќе биде отстранета.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести