MKDNews.com

Д-р Милошевски: На народот преку глава му е од лаги, во вториот круг победува опцијата за „Убав град“

Д-р Милошевски: На народот преку глава му е од лаги, во вториот круг победува опцијата за „Убав град“
април 22
18:33 2019

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ д-р Митре Милошевски, кој ќе трча во вториот круг од вонредните локални избори за градоначалник во Охрид заедно со противкандидатот од СДСМ Константин Георгиески, смета дека разликата во гласови помеѓу овие две опции од првиот круг може да се надомести со поголема работа на терен, дотолку повеќе што во вториот круг се тргнува од нула.

Тој упати честитки до противкандидатите кои не се пласираа во вториот круг, Михаил Трендафилов Нанче, Стевче Стевоски и Џемал Мена, за освоените над 3. 000 гласа, истакнувајќи дека тие се морални победници.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ д-р Митре Милошевски

На овие избори имаше над 1.000 неважечки гласачки ливчиња и сметам дека ОИК и ДИК треба значајно да поработат на едукација и медиумско актуелизирање на овој проблем. Разликата во освоените гласови помеѓу кандидатите Силјановска Давкова и Пендаровски покажува дека уште посилно треба да работиме на терен заедно со ВМРО ДПМНЕ. Тоа ќе го направиме и ќе докажеме дека нашиот концепт за „Убав град“ е единствениот кој може Охрид да го извади од оваа состојба. Ние мора силно ги мотивираме членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ во што поголем број да излезат и да го поддржат концептот ‘За убав град’, рече Милошевски.

Милошевски се пожали на неправилности во првиот изборен круг, за кои очекува објаснување.

За жал имаше и неправилности, асфалтирање во предизборен молк, задржување на функционери на денот на изборите на растојание поблиску од 100 метри од изборачко место, меѓу кои и в.д. градоначалникот на Охрид и се надевам дека тоа ќе го објаснат, додаде Милошевски.

Запрашан за историски малата излезност во првиот круг од локалните избори во Охрид, Милошевски истакна дека тоа е последица на изгубената доверба на народот во политичарите.

Народот е презаситен од вакви политики, многу очекувања во минатото беа изневерени, се помала е вербата во политичарите. Едно од најчестите прашања кои ги слушав кога одевме по домовите на охриѓани беше: Со што ти ќе ме убедиш дека нема и ти да ме излажеш како и претходниците што ме излажаа? Тоа е една од причините што народот во мал број излезе на овие избори, но сепак јас ги повикувам да имаат верба, да бидат поудлучни и да излезат во вториот круг во што поголем број, со цел идниот градоначалник, а тоа се надевам дека ќе бидам јас, да има полн легитимитет кога ќе влезе во општината, истакна Милошевски.

Тој рече дека ќе ја засили работата на терен, бидејќи смета дека не било доволно тоа што го правел во првиот круг и дека заедно со ВМРО ДПМНЕ уште пожестоко ќе работат на остварување на изборните цели.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести