MKDNews.com

Црна Гора: Отворен „Auto Moto Show Podgorica 2019“

Црна Гора: Отворен „Auto Moto Show Podgorica 2019“
април 17
21:11 2019

Саемот на автомобили, мотоцикли и опрема „Auto Moto Show Podgorica 2019“ денес е свечено отворен во Подгорица. На саемот се изложени водечки брендови во автомобилската, мото и наутичката индустрија кои се присутни на пазарот на Црна Гора.

Вкупно 37 компании ќе ги претстават своите модели во наредните четири дена, а за сите оние што ќе купат автомобил, мотоцикл или нешто од опрема, за време на траењето на саемот ќе им бидат обезбедени попусти.

Саемот ќе трае до 20 април.

Заменик-градоначалникот на Подгорица, Шаслав Вешовиќ, свечено го прогласи овогодишниот саем за отворен.

„Во Подгорица веќе имаме неколку традиционални саеми, а овој е еден од нив. Сето тоа налага да одиме во правец на добивање саемски центар. На тој начин Подгорица би станала саемски конгресен туристички центар. Мило ми е што овој центар стана традиционален и што од година во година е поголем квалитетот на саемот. Партнерството на главниот град и саемот е потполно оправдано и сакам овој саем да биде поуспешен од минатогодишниот“, изјави Вешовиќ.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести