MKDNews.com

Британски актер убиен на улица во центарот на Единбург

Британски актер убиен на улица во центарот на Единбург
април 18
21:48 2019

Шкотскиот актер Бредли Велш (48) , кој е познат по улогата во филмот ‘Trainspotting 2’, застрелан е вчера на улицата Честер во Единбург , а полицијата потврди дека станува збор за убиство.

Еден од минувачите раскажува дека некој извикал дека е убиен човек и дека е најдобро да се скријат дома. Полицијата набргу пристигнала и констатирала дека на скалите покрај улицата лежи телото на убиен човек.

Според првите информации ,станува збор за изолиран инцидент. Велш е познат по улогата на г.Дојл во филмот ‘Trainspotting 2’. Од актерот денеска се простија неговите колеги , а меѓу нив и авоторот на романот ‘Trainspotting ’, Ирвин Велш, според кој е снимен филмот.

Во интервју пред десетина години актерот отворено раскажувал за своето криминално минато во осумдесетите години на минатиот век , кога бил член на хулиганска група навивачи Hibernian.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести