MKDNews.com

Близначки се родиле со три месеци разлика

Близначки се родиле со три месеци разлика
април 18
07:45 2019

Едното бебе е родено на 17 ноември минатата година , а другото на 22 февруари оваа година.

Првото девојче е родено во 26 недела од бременоста и тежело само 900 грама.

Второто девојче , пак е родено четири дена по терминот за породувањеи тежело 3,7 килограми.

Мајката Оксана добила породилни болки во 26. недела и тогаш се родило првото девојченце. Откако се родило ова бебе , престанале болките , така што докторите решиле второто бебе да не се раѓа тогаш. Иако изгледа неверојатно , бременоста течела нормално и по повеќе од три мeсеци се родило второто девојче .

Докторите велат дека оваа неверојатна бременост можела да продолжи зашто жената имала две плаценти , а каналот на матката по раѓањето на првото девојче , целосно се затворил.

Првото бебе минало неколку недели на нeонатолошкото одделение во болницата , а потоа е пуштена дома. Сега бебињата нормално напредуваат и имаат по 5,7 килограми.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести