MKDNews.com

Терористот од џамиите во Њу Зеланд бил и во Словенија

Терористот од џамиите во Њу Зеланд бил и во Словенија
март 21
07:45 2019

Австралијанецот Брентон Тарант , осомничен за масакрот во двете џамии во Нов Зеланд , каде уби 50 верници за време ан петочната молитва , освен во Хрватска , Србија , Црна Гора и Бугарија , бил и во Словенија во 2016.

Словенечката полиција денеска соопшти дека во април 2016 Тарант бил во Словенија. Тој пристигнал со авион од Истанбул на аеродромот Брник во Љубљана. нема податоци за неговото движење низ Словенија , ниту колку време се задржал.

Полицијата појаснува дека не е познато во кои хотели или сместувалишта престојувал Тарант , зашто според законот угостителите немаат обврска такви податоци да чуваат подолго време.

Се обидувале и да утврдат други начини за да се дознае неговото движење , како што е изнајмување автомобил , но безуспешно.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести