MKDNews.com

Суспендирани сите летови на Боинг 737 Макс во Европа

Суспендирани сите летови на Боинг 737 Макс во Европа
март 12
21:14 2019

Попладнево своите авиони ги приземји и Британија , Германија , Франција и Ирска , а го затворија и воздушниот простор за сите авиони од типот Боинг 737 .  

По падот на новиот авион во Етиопија во неделата , кога животот го загубија сите 157 патници и членови на екипажот, денеска и Норвешка ги приземји своите 18 авиони , по добиеното предупредување од воздухопловните власти на ЕУ.

Стравот од можна несреќа предизвика милијарди долари загуба на компанијата Боинг , чии акции во понеделникот паднаа за 5%.  Речиси 40% од авионите Боинг 737 се приземјени на светско ниво , заедно со најголемиот број вакви авиони во Кина , 97.

Во октомври во Индонезија се урна ист таков авион , при што загинаа сите 189 патници и членови на екипажот.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести