MKDNews.com

Судот ја забрани книгата на Андов

Судот ја забрани книгата на Андов
март 22
07:23 2019

Основниот суд Скопје-2 донесе решение за привремена мерка, забрана на продажба и располагање на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“ по тужбата на Љубомир Фрчкоски за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Авторот на книгата, Андов, во изјава за МКД.мк вели дека е изненаден и разочаран од ваквиот развој на настаните.

„Ова е преседан, неочекуван преседан, не зборува добро за состојбите и за атмосферата во земјата. Досега не се случило судот да забрани книга“, ни изјави кусо Андов, додавајќи дека за другите квалификации во тужбата на Фрчкоски ќе говори на судското рочиште.

Од основниот суд Скопје 2 ја потврдија одлуката со напомена дека се работи за времена мерка до правосилно завршување на пострапката.

„Тужителот Љубомир Фрчкоски поднесе тужба за утврдување на одговорност за клевета и нематеријална штета. Со тужбата тужителот поднесе и предлог за определување на привремена мерка. Основниот суд Скопје 2, постапувајќи по предлогот на 11 март 2019 година донесе Решение со кое предлогот на тужителот за определување на привремена мерка е усвоен и се забранува понатамошна продажба и располагање на книгата. Оваа мерка важи од денот на донесување на Решението до правосилно завршување на постапката за утврдување на одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета“, велат од Основниот суд Скопје 2 за МКД.мк.

Судско рочиште за спорот е закажано за 27 мај.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести