MKDNews.com

Почина девојката на која ѝ беше ампутирана ногата по несреќата кај Ласкарци

Почина девојката на која ѝ беше ампутирана ногата по несреќата кај Ласкарци
март 21
07:53 2019

Почина 19-годишната девојка на која ѝ беше ампутирана ногата по автобуската несреќа кај селото Ласкарци. Таа беше во критична состојба повеќе од еден месец, а починала денеска на КАРИЛ.

Ова е 16-та жртва од несреќата во која автобус на компанијата „Дурмо турс“ излета од патот.

Според последните информации од обвинителството, причина за несреќата била неприлагодената брзина и неисправните сопирачки.

Судот им одреди притвор на сопственикот, раководителот на „Дурмо турс“ и на возачот на автобусот. За уште тројца беа одредени мерки за претпазливост.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести