MKDNews.com

Палмер:Moжна е измена на границата меѓу Србија и Косово

Палмер:Moжна е измена на границата меѓу Србија и Косово
март 08
07:15 2019

Американскиот дипломат Метју Палмер ,задолжен Западен Балкан во канцеларијата за европски прашања на Стејт Департментот смета дека е можно ,,прилагодување” на границата меѓу Србија и Косово.

САД ја поддржува нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и постигнување траен и сеопфатен договор , кој би значел во основа меѓусебно признавање , изјави денеска Метју Палмер.

,,Договорот на двете страни мора да биде траен и сеопфатен.Сосема е можно тоа да вклучува и прилагодување на границата меѓу Србија и Косово. САД тоа не го заговара , ниту го исклучува. ”   , рече денеска Палмер.

Тој смета дека од Белград се очекува признавање и прифаќање на Косово како суверена и независна држава , а Косово би морало да ја признае Србија како свој сосед.

Има простор , смета американскиот дипломат, да се преговара околу договорот за да биде прифатлив за јавноста и во едната и во другата земја.Тој порача и дека САД очекува од Косово да ги укине царините на српските производи.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар