MKDNews.com

Нов договор помеѓу РЕК Битола и СВ Инвест за ископ на јаловина во Суводол

Нов договор помеѓу РЕК Битола и СВ Инвест за ископ на јаловина во Суводол
март 12
20:54 2019

Сомнителното работење на СДСМ и на оваа влада нема крај. Нов ден, нов скандал во РЕК „Битола“. Денес, објавуваме нов договор во четири очи помеѓу РЕК „Битола“ и „СВ инвест“, договор за ископ на јаловина во Суводол. Тендер вреден 49 милиони денари, исто така 800.000 евра како вчерашниот склучен пред нова година, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, по некоја случајност, РЕК ‘Битола’ неосновано ѝ го раскинува договорот на фирмата што работи со години претходно и новиот договор го добива фамозната фирма ‘СВ инвест’, која притоа немала ниту сопствена механизација ниту, пак, искуство, а ни техничка стручна поддршка од кадар. Сето ова фирмата ‘СВ инвест’ го изнајмува од други фирми што ги ангажира со механизација, со транспортни камиони, со работници и сосе сè друго. Сè она што ѝ е практично потребно за ископ на јаловина од рудникот ‘Суводол’, ‘СВ инвест’ го изнајмува од други фирми, односно подизведувачи. Значи, да сумираме, фирма без механизација, без багери, без транспортни камиони, без работници, добива тендер од 49 милиони денари, потенцирам – договорен во четири очи помеѓу РЕК ‘Битола’ и ‘СВ инвест’ за сметка на сериозни компании што имаат долгогодишно искуство, а им е раскинат договорот неосновано“, рече Арсовски.

Тој праша зошто ѝ е раскинат договорот на претходната фирма и според кои критериуми токму фирмата „СВ инвест“ го добива милионскиот тендер во четири очи, дали можеби тука некој извршил влијание токму фирмата „СВ инвест“ да ги добива сите милионски тендери во РЕК „Битола“?

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар