MKDNews.com

На 500 жени за 8-ми март им подариле детергенти за миење садови

На 500 жени за 8-ми март им подариле детергенти за миење садови
март 09
10:15 2019

На меѓународниот ден на жената 8ми март во Загреб беше одржан Конгрес на жени претприемачи од Хрватска и од регионот во организација на Градот Загреб и на Женскиот претприемачки центар.

На овој ден се одбележуваат социјалните, економските, културните и политички достигнувања на жените во светот.

Конгресот се одржа во хотелот Сити Плаза а на учесничките на истиот им беа поделени рози, хартиени ќеси и детергенти за миење садови.

Ваквиот конгрес по четврти пат се одржува во Загреб, а покровители се хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и Министерството за економија.

„Колку детергентот за миење садови е соодветен подарок за учесничките, не е тешко да се процени“, наведува порталот Индекс, а се уште нема одговор од организаторите за симболиката на подароците.

Според организаторите ова е најголем бизнис собир на жени во југоисточна Европа.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар