MKDNews.com

Мис Москва остана без круна

Мис Москва остана без круна
март 26
08:40 2019

Убавицата прогласена за Мис на Москва во 2018 година, 24-годишната Алесија Семеренко, е во лоши односи со организацијата и тоа поради нејзиниот непрофесионален однос. Токму затоа и се одземени и титулата и круната.

Покрај титулата Алесија има обврски да се појавува на настани, но изгледа дека тоа не ѝ е баш интересно па во повеќе наврати пријавила дека е болна. Но, наместо на боледување, убавицата се одмора на преубави места како Малдивите на пример, и сето тоа јавно го објавила на Instagram.

Организаторите најавија дека ќе ја тужат поради материјална штета нанесена на круната. Според правилата, круната треба да се чува во сеф, додека Алесија си ја чувала дома и кога ја вратила, ја вратила без дијамантите кои наводно „паднале“.

Алесија ги демантира овие тврдења и вели дека е жртва на лаги, пренесува Mirror

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести