MKDNews.com

Куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Куќен притвор за Стевчо Јакимовски
март 20
07:40 2019

Поради здравствени причини , Кривичниот суд на поранешниот градоначалник на општина Карпош , Стевчо Јакимовски му одреди мерка домашен притвор.

Тој се товари за злоупотреба на службената положба при препродажба на државно градежно земјиште. Обвинителството за организиран криминал бараше притвор за Јакимовски , но одлучи да му одреди мерка за претпазливост домашен притвор и одземање на патната испшрава.

Неговиот адвокат  Виктор Цветковски најави дека ќе се жали на одлуката , зашто нема основано сомневање за кривичните дела на Јакимовски.

Адвокатот вели дека станува збор за исто дело како минатата година , кога Јакимовски беше ослободен од август , а во меѓувреме не направил никакво друго дело.

Тој од утрово е приведен заедно со уште двајца соработници , вработени во општината, кои исто се обвинети за злоупотреба на службената положба во Карпош 4 .

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести