MKDNews.com

Ќерката на Мајкл Џексон се обидела да се самоубие, па завршила во болница

Ќерката на Мајкл Џексон се обидела да се самоубие, па завршила во болница
март 18
08:04 2019

Парис Џексон се обидела да си ги пресече вените , пишуваат американските медиуми, додека таа остро ги демантира.

Манекенката и ќерка на поп легендата Мајкл Џексон , Парис , вчера утрото била хоситализирана откако се обидела да изврши самоубиство. Таа попладнето била пуштена на домашна нега, по што демантираше дека била во болница.

Полицијата потврди дека добиле повик за итна помош од домот на Парис во Лос Анџелес околу 6.30 часот во саботата. Според медиумите, таа се обидела да си ги пресече вените , и тоа поради хаосот откако беше прикажан документарниот филм за педофилијата на нејзиниот татко ,,Напуштајќи ја Недојдија”.

Парис била примена во болницата под шифра 5150 , што означува пациенти кои се опасност за себеси или за други поради ментални проблеми.

Парис , веднаш по емитувањето на филмот , во кои двајца мажи раскажуваат како поп легендата ги силувал како деца, застана на страната на Мајкл Џексон , иако тврди дека не го видела филмот.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести