Кога полицијата пристигнала во домот на 47 годишната Лори Морин, таа тврдела дека случајно испалила од пушката и го повредила својот партнер. Но , со истрагата било утврдено дека жената намерно пукала во него поради прегласното `рчење.

Мажот со кој Лори била три недели во врска , по жестоката кавга отишол во тоалетот , а по него влегла Лори со пушката и го застрелала.

Тој со прострелна рана бил однесен во болница , од каде велат дека е во стабилна состојба. Жената е обвинета за обид за убиство и се наоѓа во притвор.