MKDNews.com

ЕУ го казни Гугл со 1,5 милијарди евра

ЕУ го казни Гугл со 1,5 милијарди евра
март 21
07:42 2019

Европската Комисија го казни гигантот Гугл со 1,49 милијарди долари поради злоупотреба на доминантната положба во рекламирањето преку интернет.

,,Гугл ја зацементира својата доминација во онлајн рекламирањето и се заштити од конкурентскиот притисок преку наметнување против конкурентски договори на трети интернет страни. Тоа е противправно со правилата на ЕУ против монополот.” , изјави денеска еврокомесарката за пазарна конкуренција , Маргрете Вестагер.

Таа додаде дека оваа пракса трае веќе десет години , во кои била оневозможено пазарната конкуренција врз основа на заслуги и иновации , а потрошувачите биле оневозможени да добијат корист од пазарната конкурентност.

Ова е трета казна за Гугл од Европската Комисија. Лани беше казнета со рекордни 4,34 милијарди евра , поради злоупотреба на оперативниот систем Андроид со кој ги блокира своите пазарни конкуренти. Пред тоа е казнета со 2,42 милијарди евра за спречување  на пазарните конкуренти  во услугите за споредба на цените.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести