MKDNews.com

Екипата на Беверли Хилс му оддаде почит на Лук Пери

Екипата на Беверли Хилс му оддаде почит на Лук Пери
март 21
08:13 2019

Актерите од хит-серијата „Беверли Хилс” имале свој приватен „повторен собир” во чест и сеќавање на својот колега Лук Пери (Дилан), кој почина на 4 март.

Седенката се случила во домот на Габриел Картерис, која ја глумеше Андреја во тинејџерската ТВ серија која ги обележа 90-те, а тоа го соопшти Брајан Остин Грин (Дејвид) во својата интернет емисија.

Се видов со луѓето кои ги немав видено 18 години. Чувствата беа измешани… Сите беа пресреќни што повторно сме заедно, но – поводот беше ужасен – рече Грин.

3а Пери, тој вели дека бил „многу голем фраер”.

Лук беше човек за кого никој немаше лош збор. Едноставно, тој беше супер тип. И, секогаш беше свој, истиот Лук, без разлика каде ќе го видите. Многу сум среќен што го познавав. Беше одличен човек и ќе ми недостасува – се осврна Грин на својот пријател.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести