Според истражувањата на научниците , објавени во угледното списание Nature , ако се продолжи сос егашната употреба на фосилни горива , би можел да се покрене синџир на реакции , што би имало за краен резултат зголемена температура на Земјата за 14 степени. Тоа би предизвикало вистинска катастрофа на Земјата , , каде би изумреле сите топлокрвни животни , вклучително и луѓето од тропските предели.

Професорот Тапио Шнајдер од Универзитетот во Калифорнија и неговиот тим научници направиле модел на облаци наречени стратокумулуси над суптропските океани , што покриваат околу 7%од Земјината површина и ја ладат нашата планета , така што ја рефлектираат сончевата топлина назад во вселената.

Доколку новото на јаглерод диоксид се зголеми на 1200 ппм, тогаш овие облаци се распрскуваати исчезнуваат. Со новното исчезнување , температурата на Земјата би се зголемила веднаш за 8 степени ,  што може да доведе до катастрофални последици за целиот жив свет.

За среќа , во моментов новото на јаглерод диоксид е околу 410ппм , за разлика од прединдустрискиот период кога бил 280 ппм.