MKDNews.com

Заев: Ќе се поништи дел од Конкурсот за поделба на пари во културата

Заев: Ќе се поништи дел од Конкурсот за поделба на пари во културата
февруари 09
08:20 2019

По жестоките реакции откако се објавија резултатите од скандалозниот Конкурс за проекти од национален интерес на Министерството за култура за 2019 година, премиерот Зоран Заев изјави дека дел од Конкурсот ќе биде поништен.

– Смешно и трагично е ако ви кажам дека ниеден документ по протокол нема доставено Џез фест, а го молеа. Одлуката ќе се поништи и таа ќе биде објавена. Освен за националните институции каде што нема реакции, тоа се домовите на културата. Но за сите други апликанти, одлуката ќе биде поништена – рече Заев, додавајќи дека со тоа испраќа порака до јавноста дека граѓаните се слушнати.

Министерот за култура Асаф Адеми, пак, во фејсбук-статус кој Министерството за култура го објави на својата веб-страница, напиша дека одлуките за секој проект се земени врз основа на предлог на професионалната комисија и дека во ниту еден случај, како што вели, тој не вршел никаков притисок за избор на некој проект.

„Моето мото „култура за сите“ беше без било каква етничка, политичка или религиозна предрасуда. Јас не сум од тие политичари што функцијата ја гледа како алатка за лично богатење. Во овој период најмногу се потрудив да ја зголемам транспарентноста, борбата против корупцијата и да не правам било какви разлики меѓу граѓаните на државата. За мене политичката функција министер не е света“, пишува во објавата на Адеми кој е службено отсутен од Македонија.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести