MKDNews.com

Владата прогласи дводневна жалост

Владата прогласи дводневна жалост
февруари 14
08:50 2019

Владата на вонредна седница донесе одлука 14 и 15 февруари да бидат прогласени за ден на жалост поради загинатите во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Скопје-Тетово, соопшти  премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека бројката на загинати достигнала 14 лица.

„Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа која беше кобна за повеќемина наши сограѓани. Сочувствуваме со најблиските за нивните загуби. Ги мобилизираме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите останати со животозагрозувачки и други повреди колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски“ рече премиерот Заев.

Тој рече дека причините за несреќата се уште се непознати, а истрагата е под раководство на надлежен јавен обвинител.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар