MKDNews.com

Владата и Собранието почнаа да го користат новото име

Владата и Собранието почнаа да го користат новото име
февруари 13
20:08 2019

Земјава го живее првиот ден како Република Северна Македонија.Владата и Собранието веќе го користат новото име, а за стапувањето на сила на Договорот веќе е информиран и генераниот секретар на Обединетите Нации.

Околу 40тина новинарски екипи дојдоа утрово на меѓу граничниот простор крај Гевгелија. Причината беше да се посведочи промената на првата гранична табла со новото име на земјава Република Северна Македонија. Нешто пред 14 часот неколку работници пристигнаа и за неколку моменти беше видлива новата реалност.

Оваа табла беше двојазична, но граничните премини кои се наоѓаат во општини каде што над 20 проценти од граѓаните се Албанци, тие ќе бидат тријазични.

Со ова само започна процесот на примена на новото име. Според најавите сите гранични табли, на копнените премини и аеродромите ќе треба да се сменат до петок. Овие на институциите ќе се менуваат во наредните 4 месеци. Новите регистарски таблички со ознака НМК ќе почнат да се издаваат по 4 месеци, а дотогаш МВР ќе ни дава бесплатни налепници. Пасоши со новото име ќе почнат да се издаваат од крајот на годинава, а сообраќајните знаци на меѓународните патни правци во земјава ќе се заменат за најмногу два месеци.

Прва институција која почна да го користи новото име беше владата, а потоа и собранието.

Од МНР денес информираат Скопје и Атина вчера доставија заедничкото писмо до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, со кое го информираат за датумот на влегување во сила на Договорот од Преспа. Од МНР велат дека за промената на името, во најкус можен рок ќе бидат информирани земјите членки, набљудувачи на ОН, како и сите останати меѓународни организации, кои во иднина ќе треба да го користат новото име Северна Македонија.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар