MKDNews.com

СДСМ: Мицкоски паѓа се пониско, злоупотребува човечки трагедии за сопствена промоција

СДСМ: Мицкоски паѓа се пониско, злоупотребува човечки трагедии за сопствена промоција
февруари 11
19:35 2019

Целосно заглавен во деструктивноста, не можејќи да се помири со успехот на Македонија, антинародниот Христијан Мицкоски паѓа се пониско. Мицкоски злоупотребува дури и човечки трагедии и тоа го смета за сопствена промоција, соопшти СДСМ.

Според партијата, криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон здравјето на граѓаните, скандалите со паралелниот увоз на лекови, придонесе да опадне опфатот со вакцинација во 2014 година, а со тоа и да се намали колективниот имунитет.

,,Мицкоски молчеше.Мицкоски со години беше дел од криминална власт која го уништуваше здравството, ги потценуваше лекарите и ги погазуваше правата на пациентите. Мицкоски не кажа ниту збор, беше посветен единствено на бизнисот со хидроцентралите.

Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ со години лажеше за Клинички центар, а потпишало договор за изградба на Клинички центар што немал одобрение за градба од страна на Министерство за транспорт и врски. Мицкоски молчеше, фокусиран да ја поскапи струјата за 100 отсо.

 

Мицкоски: Неспособноста на Заев и Филипче се плаќа со животите на граѓаните, оставка веднаш

 

Протест пред Собранието:Време е за одговорност Тодоров (Видео)

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар