MKDNews.com

СДСМ: Распишувањето на претседателските избори навестува добра вест за граѓаните

СДСМ: Распишувањето на претседателските избори навестува добра вест за граѓаните
февруари 09
11:45 2019

Распишувањето на претседателските избори навестува една добра вест за граѓаните и една очекувана за Мицкоски.

За граѓаните, распишувањетo на претседателските избори навестува време за избор нов, вистински претседател на сите граѓани, кој заедно со Владата предводена од СДСМ ќе работи за државата, за народот, за иднината, за интеграцијата во ЕУ.

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов.

Македонија тргна напред, го доби своето место во НАТО, иднината е обезбедена и сигурна, време е за нови чекори за интеграција во ЕУ, засилен економски раст, инвестиции, повеќе пари кај граѓаните.

Затоа, распишувањето на претседателските избори навестува и една очекувана вест за антизападниот Христијан Хидро Мицкоски: го чека пораз на изборите заедно со неговиот кандидат.

Граѓаните сакаат напредок, иднина, развој, интеграција. Не сакаат деструкција, назадување, блокирање, враќање назад.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар