MKDNews.com

Претседателот Иванов се сретна со турскиот колега Ердоган

Претседателот Иванов се сретна со турскиот колега Ердоган
февруари 09
11:38 2019

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера попладне во Истанбул се сретна со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.

На средбата, двајцата претседатели изразија задоволство од високото ниво на севкупните политички односи и содржајната билатерална соработка меѓу Република Македонија и Република Турција.

Во разговорите претседателот Иванов и претседателот Ердоган разменија мислења за актуелните политички случувања во двете земји, односно за престојните претседателски избори во Република Македонија и за локалните избори во Република Турција.

Македонскиот претседател изрази сочуство до турскиот претедател за неодамнешната несреќа во Истанбул, каде што при рушење на зграда животот го загубија повеќе лица.

На средбата двајцата претседатели разменија мислења и за тековните случувања и предизвици со кои се соочува регионот и Европа.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести