MKDNews.com

Почина Карл Лагерфелд

Почина Карл Лагерфелд
февруари 20
07:01 2019

На 85-годишна возраст во Париз почина познатиот германски креатор Карл Лагерфелд, кој се смета за икона на модната индустрија во светот.

85-годишниот дизајнер починал во Париз после неколкунеделна болест. Во дел од медиумите се вели дека тој во понеделникот итно бил пренесен во болница во Париз, каде и ги поминал последните часови.

Инаку, Легерфелд ги пропушти последните две ревии, што поттикна шпекулации за неговата влошена здравствена состојба, но неговиот ПР тогаш се огласи со информацијата дека дизајнерот едноставно се чувствувал изморен.

Извори блиски до дизајнерот ја потврдија веста, а наскоро се очекуваат повеќе информации.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар