MKDNews.com

ОН го добиле писмото за новото име Република Северна Македонија

ОН го добиле писмото за новото име Република Северна Македонија
февруари 13
20:34 2019

Обединетите нации потврдија денеска дека и официјално се информирани од македонската Влада за новото име на земјата, Република Северна Македонија, изјави официјален претставник на Светската организација.

– Го добивме известувањето за новото име и Советот за безбедност и Генералното собрание ќе бидат информирани веднаш, изјави претставник на ОН, кој побарал анонимност.

Македонија и Грција доставија заедничко писмо до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, со кое го информираат за датумот на влегување во сила на Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести