MKDNews.com

Николоски на средби во Стејт Депарментот, Херитиџ Фондацијата и ИРИ

Николоски на средби во Стејт Депарментот, Херитиџ Фондацијата и ИРИ
февруари 09
11:49 2019

На сите средби Николоски ја нагласил потребата од суштински реформи во Македонија во делот на владеење на правото и борба со корупција, економски реформи, реформи на јавната администрација. Овие реформи се предуслов за почеток на преговори за членство во ЕУ како и забрзување на процесот на членството во НАТО

Во рамки на работната посета на Вашингтон потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оствари средби со Лук Кофи – директор за меѓународна политика на фондацијата Херитиџ, Метју Палмер – заменик помошник Секретар во Стејт Департментот, Пол Мекарти – директор за Европа во Меѓународниот Републикански Институт и Јан Ерик Суротчак – директор за трансатлански стратегии на Меѓународниот Републикански институт, информираат од партијата ВМРО ДПМНЕ.

На сите средби Николоски ја нагласил потребата од суштински реформи во Македонија во делот на владеење на правото и борба со корупција, економски реформи, реформи на јавната администрација. Овие реформи се предуслов за почеток на преговори за членство во ЕУ како и забрзување на процесот на членството во НАТО.

Николоски исто така го нагласи високото ниво на корупција во Владата кое зазема се пошироки размери и побара да се испратат јасни сигнали до Владата да почне силна борба со корупцијата во своите редови. Предупреди на мешањето на Владата во судството и обвинителството и инструментализацијата на истите во политички цели, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Со своите соговорници се осврнал и на актуелните претседетелски избори како и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.

Николоски нагалсил дека постои огромна загриженост за регуларноста на Претседетелските избори, притисоци и уцени на гласачи како и полнење на кутии.

Побара да се испратат јасни пораки за потребата од одржување фер, демократски и компетитивни избори, како и да се испратат силни мониторинг мисии кои нема да го набљудуваат само изборниот ден, туку целиот предизборен процес, велат од ВМРО ДПМНЕ.

На средбите со Фондацијата Херитиџ и Меѓународнит Републикански Институт стана збор и за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со овие две престижни институции при што беше заклучено да се продлабочи соработката и да се работи на новите концепти и политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Работната посета на Вашингтон ја покажува посветоноста на ВМРО-ДПМНЕ кон градење близок и партнерски однос со САД како стратешки партнер на Македонија.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар