MKDNews.com

Грција ја прати нотата до Македонија, уставните измени за новото име може да стапат во сила

Грција ја прати нотата до Македонија, уставните измени за новото име може да стапат во сила
февруари 12
08:39 2019

Атина ја достави до Владата во Скопје нотата со која ја информира дека ги исполнила своите обврски за да може Договорот од Преспа да стапи во сила.
Датумот кога стапуваат на сила уставните измени со кои Република Македонија ќе стане Република Северна Македонија се очекува да биде објавен во Службен весник уште вечерва

Од зградата на Владата рано утрово беа отстранети буквите „Влада на Република Македонија“, а новото име веројатно ќе биде поставено до утрешната свечена церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата.

Ќе се менуваат и таблите на Собранието, министерствата, граничните премини, амбасадите. Изработени се и нови интернет-страници на владата и министерствата со новото име. Веќе се изработени таблите со новото име, а граничниот премин Богородица кон Грција ќе ја добие прв таблата со новото име.

По нотата од Грција, двете земји ќе испратат заедничко писмо до Генералниот секретар на ОН дека спорот со името е надминат и од кога Договорот од Преспа стапува на сила. Македонија потоа со писмо ќе го информира Секретаријатото на ОН, земјите-членки, како и сите меѓународни организации за новото уставно име.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести