MKDNews.com

По зачестените исчезнувања граѓаните предупредуваат: Внимавајте на вашите деца!

По  зачестените исчезнувања граѓаните предупредуваат:  Внимавајте на вашите деца!
февруари 22
07:28 2019

Пазаете си ги децата – оваа објава денеска кружи низ социјалните мрежи. Граѓаните предупредуваат дека возасен човек бара од деца да испрати некаде сигнал на мобилен телефон, наводно поради работни обврски.

-Пазете си ги децата, денес во Маџари искочил тип, постар човек низок и барал од деца телефон да титне, демек за работа му требало за да му се јават и притоа позади него се движела црна кола.

Се мора околу зградите во Маџари и кај новиот автопазар. Секој ден изкачаат нови исчезнати. МВР да си преземе мерки за да не почне населението да преземе се во свои раце – стои во објавата која кружи на социјалните мрежи.

Луѓе ова е повеќе од алармантно. Денес во 7 часот навечер одејќи си од предавање и вежби, тројца мажи со сива кола довикуваа да се приближам до колата, но за среќа ги игнорирав и продолжив и почнав да одам брзо. ВНИМАВАЈТЕ!!! Не посакувам на никого да го доживее овој страв! И дајте сите факултети нашите предавања, вежби и пракси да бидат во соодветен временски период затоа што ова е навистина доказ дека се случува нешто во нашата држава -напиша вечерва на фејсбук гевгеличанката Ели Сулева, која е на студии во Скопје.

Граѓаните го шеруваат нејзиниот статус и алармираат, посочувајќи дека е симптоматично што периодов се ислезнуваат многу лица.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар