MKDNews.com

Џафери ги распиша изборите, првиот круг од претседателските на 21 април

Џафери ги распиша изборите, првиот круг од претседателските на 21 април
февруари 09
08:23 2019

Собранискиот спикер Талат Џафери ги распиша претседателските изборите на пролет. Изборите ќе се одржат на 21 април. Вториот круг, доколку го има, би се одржал на 5 мај.  Џафери со апел партиите да ги почитуваат правилата за фер и демократски избори.

Кој се ќе влезе во изборната трка ќе се знае до средината на следниот месец. Премиерот Зоран Заев не ја напушта идејата за консензуален кандидат меѓу СДСМ и ДУИ и покрај најавите за самостоен настап.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ пшак, ќе се избере меѓу 8-мината пријавени на партискиот конкурс на Конвенцијата на 16-ти февруари.

Се уште нема одлука ни за предвремени избори кои ги бара опозицијата. Заев вели дека реформите се приоритет пред изборите.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека премиерот бега од соочување со граѓаните поради погубните политики.

„ВМРО-ДПМНЕ ја уверува власта дека и покрај постоењето на техничка влада, реформските процеси кои се потребни за наша интеграција во ЕУ  ќе бидат спроведувани и имплементирани, тоа не е и не може да биде изговор за власта“.

Партијата на Христијан Мицкоски инсистира на 100 дена техничка влада пред евентуланите избори.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести