MKDNews.com

Бројот жртви кај Ласкарци се искачи на 14

Бројот жртви кај Ласкарци се искачи на 14
февруари 14
08:47 2019

Четиринаесет лица загинале во трагедијата кај Карпалак каде се прврти автобус со педесетина патници.

Уште едно лице починало по стравичната сообраќајка на патот Скопје-Тетово со што бројот на жртвите се искачи на 14. Имињата на смртно настраданите сѐ уште не се соопштени зашто во тек е нивна идетификација на Институтот за судска медицина. Засега е потврдено, од партиски извори на СДСМ, дека меѓу загинатите е 25-годишниот Јовица Трпевски, син на пратеникот од владејачката партија од Гостивар, Благојче Трпевски.

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ примени биле 37 лица, од кои шест починале.

Во старата скопска градска болница „Свети Наум Охридски“ починало едно  лице, а на Клиничкиот центар примени се седум повредени, од кои три се со сериозни повреди. На Ургентниот центар примена е и 28-годишна бремена жена, која е во добра здравствена состојба.

Возачот на автобусот е хоспитализиран во Градската болница, со него веќе разговарала полицијата и тој, како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, е во добра здравствена состојба.

Меѓу загинатите има и млади лица на возраст меѓу 25 до 30 години чиј идентитет сѐ уште не е познат, а мобилизирани се сите расположиви сили на медицинските центри во Скопје кои непрекинато се посветени на борба за животите на луѓето во критична состојба, како и набљудување и нега на повредените патници кои се во стабилна состојба. Меѓу повредените има и бремена жена, која е во добра здравствена состојба.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар