MKDNews.com

Аријана Гранде го откажала настапот на Греми наградите

Аријана Гранде го откажала настапот на Греми наградите
февруари 07
22:15 2019

Пејачката Аријана Гранде одлучила да го откаже настапот на овогодишните доделувања на наградите Греми, кои ќе се одржат на 10-ти февруари.

Како што пренесува “Variety”, Аријана се нашла навредена бидејќи организаторите ѝ соопштиле дека не може да го изведува својот најнов хит “7 rings”.

Но, пејачката не се откажала – откако кажала дека тоа ја навредува и дека сака да ја изведе таа песна, надлежните од организацијата сепак ѝ го дозволиле тоа, но под услов тоа да биде само микс од првата песна и дека другата песна треба тие да ја изберат. Аријана го одбила тој предлог и поради веќе напнатата ситуација, одлучила да го откаже настапот на овогодишното доделување на Греми.

Според изворите на “Variety”, другите музичари имале потполна слобода да ги одберат песните кои ќе ги изведуваат, што е всушност и главната причина поради откажувањето на Гранде бидејќи не била третирана како и сите останати.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести