MKDNews.com

Американец нашол глушец во милкшејк на Мекдоналдс

Американец нашол глушец во милкшејк на Мекдоналдс
февруари 09
08:15 2019

Американец од Охајо на суд бара обештетување од Мекдоналдс , зашто во чоколадниот милкшејк нашол жив глушец.

Американецот од државата Охајо , 43 годишниот Кенет Мојер бара обештетување од Мекдоналдс од 100 000 долари , зашто во милкшејкот нашол жив глушец. Тој тврди дека испол повеќе од половина од пијалокот , кога видел што пие.

Градежниот работник од Охајо го купил пијалокот на 15 декември во градот Акрон. Го пиел милкшејкот , кога му станало сомнително што цевчето цело време му се затвора.Затоа го оставил пијалокот во возилото.

Ја одвел дома пријателката , кога забележал дека во чашата нешто се движи. Кога го тргнал капакот видел жив глушец , од што паднал болен и повраќал.

Отишол во Мекдоналдс и му се пожалил на менаџерот, а тој му рекол дека самиот го ставил глушецот во чашата. Подоцна ја смрзнал чашата заедно со глушецот и му ја дал на адвокатот за да ја носи на тестирање.

Од Мекдоналдс за сега велат дека спорот ќе падне , зашто градежниот работник ја оставил десет минути чашата подалеку од него.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести