MKDNews.com

24-годишна девојка почина од свински грип

24-годишна девојка почина од свински грип
февруари 07
21:17 2019

Девојката имала Даунов синдром, а лекарите велат дека настанале компликации и смртта настапила поради тешко оштетување на белите дробови и црниот дроб.

Ова е втора жртва од сезонски грип, откако вчера почина 5-годишно девојче кое имало астма.

Здравствените власти велат бројот на заболени од грип расте и дека за само една недела е двојно зголемен, а се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување на пик на сезоната на грип во текот на следните недели.

Од Институтот за јавно здравје препорачуваат вакцинација на целото население како најефикасна заштита од ова заболување, особено за лица кои припаѓаат на ризични групи , согласно препораките на СЗО.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести