MKDNews.com

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и одржување на вондредни парламентари избори заедно со претседателските избори

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и одржување на вондредни парламентари избори заедно со претседателските избори
јануари 11
22:08 2019

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара распуштање на Собранието и одржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските избори на прес-конференцијата пред партиското седиште по изгласувањето на уставните измени.

Мицкоски кажа дека неговата партија не ја поддржува промената на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, додавајќи дека со договорот од Преспа се нанесува огромна штета и неправда врз македонската држава.

„ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и одржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските избори, според законските прописи, и врз основа на минатото искуство, и на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи“, изјави Мицкоски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на последниот брифинг со новинарите најави дека ќе ги распише претседателските избори на 2 или 3 февруари.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести