MKDNews.com

Со 81 глас пратениците изгласаа Северна Македонија

Со 81 глас пратениците изгласаа Северна Македонија
јануари 11
21:45 2019

Со 81 глас ЗА Собранието ги усвои предлог амандманите за измени на Уставот на Република Македонија.

Пратениците ги изгласаа предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите.

Секој амандман се утврдуваше со обично мнозинство, по што беше отворен општиот претрес, па претресот по текстови и секој амандман поединечно се гласаше со двотретинско мнозинство. Потоа се гласшеа за сите амандмани заедно со двотретинско мнозинство и на крајот се отвори уставниот закон, ,кој исто така беше изгласан со двотретинско мнозинство.

Овие амандмани ќе бидат составен дел на Уставот на Република Македонија и ќе влезат во сила со влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар