MKDNews.com

Премиерот Заев со владина делегација на Светскиот економски форум во Давос

Премиерот Заев со владина делегација на Светскиот економски форум во Давос
јануари 23
21:47 2019

Премиерот Зоран Заев од денеска до 25 јануари ќе учествува на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, заедно со заменик претседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев и со министерот за економија, Крешник Бектеши.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев на форумот во Давос, на кој и оваа година учествуваат шефови на држави и влади, други државни претставници, како и лидерите на најголемите компании во светот, ќе оствари повеќе работни состаноци и билатерални средби со потенцијални инвеститори, бизнис лидери и соработници.

Како дел од активностите, премиерот Заев ќе оствари средба со еврокомесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан. Средбата , како што информираат од Владата, е планирана да се оствари на утре.

Меѓу средбите со политичките и економските лидери, во агендата на премиерот Заев се и состаноци со премиерот на Република Словенија Марјан Шарец, со министерот за здравство на Владата на Сојузна Република Германија Јенс Спан, со извршниот директор на Гогле Џигсоу, како и со други лидери и високи претставници на компании на панел дебатите и неформалните собири што ќе се одржат за време на најголемиот светски економски форум.

Премиерот Заев е поканет да земе збор и да учествува на дебата „Креирање на силно партнерство за економски раст и мир на Западен Балкан“, на форумот „Иднината на Трансатлантската алијанса“, како и на други форуми и дебати за поврзување во светот на глобалната архитектура на економиите.

Вицепремиерот Анѓушев ќе има повеќе средби со претставници на бизниси и компании, а министерот за економија Бектеши, меѓудругото, ќе учествува на средбата на министрите коспонзори на Заедничката декларација за е-трговија.

Главната тема на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, кој секоја година ги собира најголемите и највлијателните светски лидери е Глобализација 4.0, во чии рамки ќе се дебатираат и иднината на економиите, ризиците на економските опоравувања, иднината на работните места, и други теми.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести