MKDNews.com

Објавени номинациите за Оскар

Објавени номинациите за Оскар
јануари 23
07:44 2019

Филмовите ,,Рома” на Алфонсо Кварон и ,,Миленичка” на Јоргос Лантимос освоија најмногу , по десет номинации за годинешниот Оскар.

Со по осум номинации следуваат ,,Ѕвездата е родена” и ,,Човек од сенка”. Сите четири се номинирани за најдобар филм , а во истата категорија им конкурираат ,,Црниот член на ККК” , ,,Црн пантер” , ,,Боемска рапсодија” и ,,Зелената книга”.

За најдобра машка улога за Оскар се натпреваруваат актерите Кристијан Бејл, Бредлим Купер, Рами Малек, Виго Мортенесен и Вилијам Дефо.

Во категоријатаз а главна женска улога се номинирани актерките Оливија Колман и Јалица Апарицио , Глен Клоуз , која ја добива седмата номинација во истата категорија, Лејди Гага и Мелиса Мек Карти. Пејачката Лејди Гага за прв пат имаше голема филмска улога во филмот,,Ѕвездата е родена” и веднаш следува и номинација.

За најдобар спореден актер во конкуренција се Махершал Али, Адам Драјвер, Сем Елиот, Ричард Грант и Сем Роквел.

Во женска конкуренција се номинирани Ема Стоун, Реичел Вајс, Марина де Тавира , Еми Адамс и Реџина Кинг.

Покрај Кварон и Лантимос , за најдобра режија номинации добија и Адам МекКеј за ,,Човек од сенка” , Павел Павликовски за ,,Студената војна” и Спајк Ли за филмот ,,Црн член на ККК”.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар