MKDNews.com

МЗТ се радуваше и против Вршац

МЗТ се радуваше и против Вршац
јануари 30
22:10 2019

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжија позитивната серија на резултати и издвојуваа победа над Вршац со 78-69 во мечот од 18. коло во АБА2 лигата.

Клубот од Аеродром не одигра на посакуваното ниво и се мачеше против фенерџијата во ова натпреварување, но не дозволи изненадување и ги израдува своите симпатизери во СЦ „Јане Сандански“.

Ова за „штрковите“ беше четврти триумф во низа со што ја продолжуваат трката за второто место со Спарс Сараево, односно во моментов имаат идентичен учинок 13-5.

Прво име кај МЗТ во денешното славје беше центарот Самарџиски со 17 поени, 6 скокови и 2 асистенции, Вудард даде 13, Иванов 11, а 10 поени реализираше Стојановски.

Кај гостите Јовановиќ уфрли 15 поени со 6 скокови и 9 асистенции.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар