MKDNews.com

Микророботи што ќе се инјектираат во човековите крвни садови

Микророботи што ќе се инјектираат во човековите крвни садови
јануари 24
07:57 2019

Швајцарскиот федерален институт за технологија од Лозана (ЕПФЛ) во соработка со факултетот за технологија (ЕТХ) во Цирих, создадоа микророботи, коишто можат автоматски да го менуваат обликот и да го прилагодуваат според тоа каде се наоѓаат, и кои ќе може да се вбризгуваат во човековите крвни садови.

Нивната намена би била да не’ снабдуваат со лекарства или да ги прочистуваат артериите.

Микроапаратите ќе бидат автономни при движењето. Тие се изработени од слоеви биокомпатибилен хидрогел, склопен како оригами, којшто често се користи во оваа софистицирана индустрија, заради неговата главна намена – прилагодливоста во организмот, што всушност го намалува ризикот од внатрешни повреди.

  • Нашите роботи содржат посебна градба и структура, коишто им овозможува да се адаптираат кон својствата на телесните течности. На пример, при промена на вискозноста (отпор при движење) или на осмотската концентрација, микророботите го менуваат обликот, за да се зачува брзината, како и својата постојаност и насока во движењето, објаснува професорот Селман Сакар, раководител на испитувањата.

Овие сознанија може да доведат до создавање микроапарати кои ќе можат да го однесат лекот директно до местото во човечкото тело каде што тој е потребен.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар