Безбедносните камери го снимиле мажот како на паркингот ја влече жената за коса , а потоа ја удара неколку пати. Веднаш излегол сопственикот на клубот , а со него и поранешниот ММА боксер Денис Стојниќ , кој со неколку удари го нокаутира напаѓачот. Вработените од клубот веднаш притрчале и го раздвоиле боксерот од напаѓачот.

Стојниќ за босанските медиуми изјави дека не можел од страна само да гледа насилство врз девојка, особено од толку голем маж , кој ја удара по главата.